Дождлив вторник
•
8 ноември 2016
Вториот ден од работната недела го дочекавме со силен дожд, но тоа не значи дека денеска треба да се откажете од комбинацијата што ја планиравте. Облечете се во потемни бои и безбедни чевли за да немате проблем во текот на целиот ден. Денеска носиме темни фармерки и ги комбинираме со слатко џемперче во кафена боја со неодоливи нежни топки. Бидејќи истиот навистина ќе ве стопли, со него единствено комбинирајте го ова крзнено елече кое ви е доволно за денеска. Што се однесува до чевлите, повторно носиме гумени чизми со интересен принт и едноставна, но впечатлива чантичка.
Уживајте во дождот!