Утрово нѐ дочека вистинска есен во главниот град. Веќе е време да ги извадите кусите чизмички од вашиот плакар, заедно со тенките џемперчиња, панталоните и мантилчињата за дожд. Денеска носиме интересни црно – бели панталони и ги комбинираме со тенко црно џемперче. Чизмичките се задолжителни за времето, а супер би било доколку комбинацијата ја надополните и со зимска шапка. Од накит единствено носиме часовник и сребрено ланче кои се доволни да ви ја збогатат комбинацијата.

Објавено:
10 септември 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.439 пати