Со оглед на тоа дека за повеќето од вас денес е крајот на работната недела, тогаш завршете ја со стил. Ние ви предлагаме една тренди и елегантна комбинација.

Фустан во окер нијанса, со џеб и нагласена половина, како и ракави до лакт ќе направи да изгледате како вистинска дама. 

Го комбинираме со тегет капут, кој исто така ја нагласува половината и чевли во иста боја со капутот.

Бидејќи минимализмот е во фокусот, од накит одбираме само дискретни тегет обетки. Доколку сте љубител на ракавици, можете да го дополните изгледот со нив.

Чантата е во боите на целата комбинација.

Кога е шминката во прашање, свежите нијанси ќе бидат совршен избор.

Искористете го денот после работното време и покрај лошото време, да го поминете на некоја забава со пријателите. И така веќе сте подготвени за тоа!

Ви посакуваме убав викенд.

Објавено:
12 февруари 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
657 пати