Вторнички сме елегантно расположени, па токму таква е и нашата денешна предлог-комбинација. Можете да ја искористите како идеја за некоја летна свеченост, а со малку модификација, одлично може да се вклопи и во нечиј деловен стил, односно да биде комбинација за работното место.

Нашиот избор е црвен женствен фустан со кратки ракави. Во предниот дел, како и на ракавите има крупни карнери, што придонесуваат за елеганцијата.

Го комбинираме со црни сандали со асиметрични ремчиња и висока потпетица, а на сето тоа додаваме и чанта со црвена основа и везен принт.

На крајот ставаме очила за сонце со малку „мачкести“ рамки и дискретни црни обетки.

Имајте убав ден!

Објавено:
15 август 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
325 пати