После напорната работна недела, време е за одмор и забава. Затоа, нашиот денешен предлог е една елегантна комбинација.

Фустан со принт и долги ракави е едно од најпосакуваните парчиња за оваа сезона, па затоа не двоумете се да го одберете за вечерва. Бидејќи во нашата комбинација преовладуваат сините нијанси, ние го искомбиниравме со салонки во слична нијанса.

Со оглед на тоа дека во вечерните часови е студено, што е и разбирливо со оглед на тоа дека зимата календарски сè повеќе ни се приближува, капут во розова, пастелна нијанса ќе изгледа одлично. За оние позимурливите, а и оние што сакаат поелегантен изглед, крзнен шал ќе го наподолни изгледот сосема.

Кога е накитот во прашање, доволни се впчетливи обетки.

Чувствувајте се прекрасно во текот на целиот викенд!

Објавено:
5 декември 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.189 пати