Помина повеќе од месец дена од премиерата на серијата „Емили во Париз“, а реакциите никако да стивнат. Некои ја оценија како досадна, предвидлива, француските критичари ја нарекоа навредлива за Французите, базирана врз клишеа и нелогичности, но сетоа ова покажа дека и лошата реклама е добра.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Emily In Paris (@emilyinparis) onOct 23, 2020 at 9:37am PDT

Иако како костимографка се потпишува Патриција Филд, жената на која веројатно треба да ѝ заблагодарат за популарноста на „Сексот и градот“, сепак и модните комбинации се најдоа на удар.

Ако во „Сексот и градот“ нејзините модни сетови беа оценети како впечатливи, храбри, па дури и револуционерни, спој на евтини и луксузни парчиња, овде се сметаат за предвидливи и досадни од една страна, а од друга голем број од младата популација би ги сакала во својот гардеробер.

Инспирирани од различните мислења, од „Вог“ одлучија да прашаат неколку Французинки што мислат за стилот на Емили, Американка која доаѓа да работи во Париз во маркетинг агенција.

Еве дел од нивните одговори:

Стефани Делпон, ко-основачка на креативна агенција: „Да се изразам едноставно, Емили не е мој стил. Не е дека не ми се допаѓаат парчињата што ги носи. Проблем е во претставувањето. Слоеви дезени и нападни бои. Францускиот стил е фокусиран на создавање простор во кој можете да дишете, на празни зони во кои убавината и карактерот можат природно да дојдат до израз. Лично, одредени парчиња од гардероберот на Емили би сакала да ги имам, на пример чантите на „Шанел“, но би ги носела како клучно парче во неутрална комбинација, а не како дел од некое широко издание. Ахилова пета на серијата е начинот на портретирање на Французите. Несоодветни се, дури и премногу карикатуристички направени, со што доаѓате до точка кога е просто смешно да гледате, а понекогаш и болно. Но, го почитувам американскиот етос, храброста, ентузијазмот. Некаде длабоко во себе ја наоѓам мојата „внатрешна Емили“ која на моменти многу повеќе ми се допаѓа од „париската“ верзија

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Emily In Paris (@emilyinparis) onOct 14, 2020 at 1:24pm PDT

Матилде Картон, уредничка во француското издание на „Грација“: Комбинациите кои Емили ги носи се нереални и непрактични. Гледано низ модна призма, премногу се шарени, како од некој цртан филм и не се доволно универзални за да можете да ги носите цел ден. Нејзината облека не е во согласност со нејзината околина, како што ниту таа не се труди да се вклопи (карактерно). Во Франција, не доаѓате на ново место со самодоверба да критикувате се', дури и без да анализирате како работите функционираат тука. На парижаните им треба време да се отворат кон нови луѓе, особено кон оние што не го разбираат нивниот начин на функционирање. Тоа е многу арогантно и себично. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Emily In Paris (@emilyinparis) onSep 27, 2020 at 12:42pm PDT

 

Стефани Шермонт, новинарка: Стилот на девојката на соседот на Емили, Камил, е она што францускиот стил треба да подразбира. Таа е спротивноста на Емили. Комбинацијата со црн блејзер и сребрен фустан што ја носи во музеј на уметноста, преку до фустанот на точки со „Мартинки“, па се' до нејзините Ана Каренина моменти во стилот - стилистот направил одлична работа со неа. Но, од друга страна, кога е Емили во прашање, одлично е тоа што се бори и залага за себе и покрај пречките на кои наидува. Парижаните се посрамежливи и тивки, имаат малку недостаток на тој вид самодоверба. Емили ги следи нејзините идеи и ги спроведува до крај.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Emily In Paris (@emilyinparis) onOct 14, 2020 at 5:21pm PDT

 

Објавено:
4 ноември 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
669 пати