Конечно викенд! Денеска не пропуштајте го прекрасното сонце, дотерајте се и излезете во долга прошетка или договорете кафе со пријателките со кои не сте се виделе одамна. Блеснете во полн сјај и уживајте во пролетта со овој фантастичен кариран фустан кој ние сакаме да го комбинираме со едноставни бели старки. Доколку решите да излезете порано, комбинацијата утрово надополнете ја со шик тексас јакна и секако црвена чанта која неодоливо се вклопува во целиот стајлинг. Очилата за сонце се задолжителни за секој ден, а што се однесува до накитот, кружните обетки ви се единствено потребни.

Уживајте во прекрасната и сончева сабота! 

Објавено:
1 април 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
513 пати