Нашиот денешен предлог е една класична црно-бела комбинација. Извадете ги вашите омилени црни фармерки, може да бидат и ѕвонарки и искомбинирајте ги со бела кошула.
Ние одлучивме во комбинацијата да вметнеме и црно палто, со делумно кожени ракави и патенти во делот над џебовите што на изгледот ќе му даде тренди, high street нота.
Кога се обувките во прашање, чевли во пудра нијанса ни изгледаат како добро решение бидејќи ќе ви ја издолжат ногата уште повеќе. Чантата е исто така во таква нијанса, во комбинација со кафена и црвена, што одлично ќе го освежи црно-белиот изглед.
На сето тоа додадете и масивен ѓердан и секако впечатлив кармин, секако доколку работното место ви го дозволува тоа. Но, и пастелните нијанси можат да направат да изгледате свежо.
И покрај тоа што денеска изгледа дождот ќе доминира, ние ви посакуваме среќна и ведра среда!