Конечно петок: Блеснете во тренди комбинација!
•
29 јули 2016
Конечно дојде и денот од работната недела што сите го обожаваат! Овој петок решивме да бидеме супер тренди и одбравме сладок комбинезон во пруги кој го комбинираме со едноставна бела маичка со апликација во предниот дел. Комбинацијата надополнете ја со овие стилски црни балетанки и кожено ранче кое е нашето омилено за ова лето. Бидејќи и денеска се очекуваат високи температури, не заборавајте да се заштитите од сонцето со очила и модерна бела шапка која совршено ќе се вклопи во целиот стајлинг.
Имајте супер петок!