Оваа прекрасна сончева сабота ви предлагаме наш стајлинг што го направивме со огромна љубов кон викендите! Без разлика што и да одлучите да правите денеска, одберете лесна кошулка во милитари стил со посебни детали во делот кај јаката. Комбинирајте ја со кусо кожено здолниште со фалти што одлично ќе се вклопи со принтот на кошулката. Надополнете ја комбинацијата со шик чевли на платформа и супер дезен. Чантата денеска е лакирана и со интересна форма во која ќе ви собере сѐ што денеска планиравте да понесете со себе. Комбинацијата е совршена и за вашите дневни прошетки, но супер кул и за вечерните излегувања со пријателите.

Комбинација: Fashion Group

Кожено здолниште – Marciano

Кошула – Guess

Чанта – Guess

Чевли – Bata

Објавено:
19 септември 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.120 пати