Некаде кон средина на неделата во исчекување на омилениот викенд, одберете кул комбинација со која ќе ја прославите среќната среда. Иако можеби на прв поглед класичните сиви панталони ќе ви се чинат малку ризични во комбинација со белите спортски патики, не двоумете се и бидете храбри кога е во прашање модата. Комбинирајте ги со оваа неодолива маичка во црно – бели пруги и карнер на средината, како и стилска чанта, сребрени обетки и секогаш задолжителните очила за сонце.

Уживајте во овој прекрасен сончев ден!

Објавено:
14 септември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
380 пати