Нашиот денешен предлог е една лежерна, но сепак мошне тренди комбинација. Искористете го сонцето и излезете да се видите во вашите пријатели или сакани.

Широки фармерки со искинати делови се сè уште едно од најтрендовските парчиња, а ние овој пат ги комбинираме со широко палто во светли бои и принт. Секако, под палтото облечете некоја удобна блуза или кошула, која може да биде и во поинтензивна боја,

Оксфордките во црно-сива боја се идеален избор за обувки, а изгледот надополнете го со интересен ѓердан и чанта исто така со принт во светли бои.

Уживајте во викендот!

 

Палто и фармерки: Манго

Чанта и ѓердан: Парфоа

Чевли: Бата

Објавено:
24 октомври 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.133 пати