Денеска е сè во знакот на љубовта и виното, па токму затоа и нашиот денешен предлог е една романтична комбинација.

Ако планирате вечерва да одите некаде со саканиот или пријателите, а немате идеја што би облекле, се надеваме дека ќе ве инспирираме.

Ние се одлучивме за пастелно розови панталони-килоти, со фалти кои ги комбинираме со романтична, нежна блузичка со цветови и панделка во предниот дел.

На тоа додаваме темноцрвен капут-пелерина, а комбинацијата ја завршуваме со чевли со интересно врзување во истата боја и чанта на која е испишано „Love“ во складни нијанси.

Што и да правите и прославувате, ви посакуваме убаво да си поминете.

Имајте љубовна среда!

Објавено:
14 февруари 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
534 пати