Иако секој ден е ден на жените, денеска најверојатно со вашите пријателки и колешки имате организација за дружба, па да блеснеме во најдобро светло.

Денеска е денот кога го носиме омиленото здолниште и на работа, а овојпат станува збор за кожено темно црвено здолниште што го комбинираме со шармантно џемперче во крем нијанса.

За комбинацијата да биде целосна, додајте и стилски високи потпетици со животински принт и елегантна кожена чанта.

Одозгора, комбинацијата украсете ја со палто по ваш избор и поминете си најубаво што и да правите денеска!

Среќен 8-ми март!

Објавено:
8 март 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
722 пати