Најсреќниот ден од неделата поминете го во стилски фармерки со шик крој во комбинација со кошулка со црно – бели пруги. Утрово се разбудивме со малку ветер во градот, па комбинацијата надополнете ја со оваа сива јакничка од која подоцна ќе се ослободите. Денеска носиме слатки балетанки во сребрена нијанса со апликација од пеперутка во предниот дел и чанта во сличен стил. Очилата за сонце се нешто што е задолжително за секој ден, а секако, насмевката нешто на што не смеете да заборавите.

Објавено:
12 април 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
465 пати