Петок е за здолниште со тул и шик палто
•
18 октомври 2019
Конечно дојде и последниот ден од работната недела, па да го дочекаме дотерани. За денеска одбравме ултра впечатливо здолниште од тул во нежна розова нијанса и го комбинираме со топло џемперче во слична боја.
Истото го надополнивме со стилско карирано палто со копчиња и балетанки во ист принт и две слатки ремчиња во предниот дел.
Бидејќи е петок и сме супер расположени, комбинацијата ја надополнивме и со шармантно венче со бисери, очила за сонце и неодолива розова чантичка.
Уживајте во сончевиот ден!
Фото: Pinterest