Овој сончев викенд започнете го со урбана комбинација, во која истовремено ќе се чувствувате удобно и стилски.

Нашата препорака е да комбинирате тренди џинс во суптилна „ѕвонеста“ форма и супер шик бела кошула во пруги, на врзување околу струкот.

Оваа минималистичка комбинација надополнете ја со црни кломпи со нитни и чанта со кружна рачка, додека шминката нека остане дискретна за преку ден, додека за навечер може само да потенцирате со црвен кармин.

Објавено:
9 јуни 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
376 пати