Добро утро. Студено е, но сепак сончево и петок е, па ви посакуваме да имате одличен завршеток на неделата.

Нашиот денешен предлог е комбинација составена од бело здолниште до колена и кошула со различни карирани принтови, еден од најпопуларните принтови во моментов, која е впечатлива и го прави изгледот интересен.

Чевли со ремече во боја, а чанта во друга боја дополнително ќе ја направи комбинацијата динамична.

Со оглед на ниските утрински температури, не излегувајте од дома без мантил или капут.

Објавено:
9 април 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
690 пати