Добро утро. Петок е, па со самото тоа и расположението е подобро. Ние за денес ви подготвивме комплетно пастелна комбинација, која сигурни сме ќе измами погледи.

Панталоните се до глужд и во пастелно розова нијанса, а искомбинирани во волуменозна ролка во пастелна беж нијанса.

На тоа е додаден капут во кајсија нијанса.

Обувките овде се темноцрвени и се влечки, што секако е премногу храбар избор, па вие сменете ги со чизми до глужд или салонки.

Ви посакуваме весел ден!

Објавено:
25 февруари 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.483 пати