Петок во црно – бела комбинација
•
22 јули 2016
Конечно дојде и последниот ден од работната недела, па време е да прославиме со една вистински стилска комбинација. Денеска го носиме омилениот џинс комбинезон и го комбинираме со најмодерната маичка со откриени рамена за оваа сезона. Принтот на истата е црно бел во пруги што ја прави уште помодерна. Комбинацијата надополнете ја со црни рамни сандали со ремчиња и уникатна црна чантичка со розов крзнен моден додаток. Очилата за сонце и денеска се супер шик, а тие се впрочем и единствениот потребен моден додаток.
Уживајте во последниот ден од работната недела!