Последен ден од работната недела и супер расположение! Доколку денеска договоривте некое кафе или ручек со пријателите, ова е комбинацијата во која ќе блеснете.

Денеска носиме црно пенкало здолниште со должина до под колената и го комбинираме со маичка на куси ракави во маслинеста нијанса.

Комбинацијата надополнете ја со црни сандали на висока потпетица и чантичка по ваш избор. Од модни додатоци, единствено носиме очила за сонце и часовник.

Уживајте во денот!

Објавено:
28 јуни 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
988 пати