Петок во црно-златни тонови
•
15 септември 2023
Петок е за плисирано макси здолниште во златни нијанси, малку гламур како за ден пред викендот.
Златната боја потсетува и на златно-жолтите есенски лисја кои што се белег на ова годишно време.
Здолништето ќе го споиме со црна блуза со златни нитни, а на ова ќе додадеме и црн блејзер со впечатливи златни копчиња.
Останува уште чанта и потпетици во истиот златен тон и подготвени сме за петок.
Фото: Pinterest