Петок во црвено
•
27 ноември 2015
Последниот ден од работната недела се разбудивме со дожд, но тоа не треба да не спречува да се облечеме во супер колоритна комбинација. Денеска носиме фармерки во црна нијанса, но ги комбинираме со супер црвена ролка и карирано капутче. Бидејќи времето се очекува да биде врнежливо во текот на целиот ден, задолжително облечете ги омилените гумени чизми во црвена нијанса и комбинирајте ги со едноставна чантичка и црвен кармин!
Уживајте во дождот!