Петок во цветен бохо фустан и чизми
•
30 октомври 2020
Добро утро. Петок е и сигурни сме дека му се радувате на викендот пред нас. Нашиот денешен предлог е разигран и весел и се надеваме дека ќе ви послужи како инспирација за тоа како можете да се дотерате.
Фустаните се секогаш добар избор, а во конкретниов случај е долг, со долги ракави и полуролка во делот на околувратникот. Цветниот принт ја прави да биде интересна, а во комбинација е со модни додатоци кои придонесуваат за стајлингот да биде уште повпечатлива.
Тенок ремен на средината, чизми до глужд и мала чанта во црна нијанса совршено се вклопуваат во изгледот. На сето тоа, додадете шешир и јакна и уживајте во денот.