Петок во цветен фустан + тексасна јакна
•
2 април 2021
Добро утро. Петок е, се надеваме дека сте добро расположени. Со оглед дека ни претстои викенд, се одлучивме денешниот предлог да биде лежерна и пролетна комбинација.
Составена е од цветен фустан со миди должина во комбинација со тексасна јакна, на која има реси.
Изборот на обувки се масивни патики со впечатливи детали. Додадете чанта и дискретен накит и уживајте во денот.