Добро утро. Се надеваме во добро здравје не' читате и дека сонцето надвор позитивно ви влијае. Нашиот денешен предлог е една лежерна комбинација, која може да ви послужи како инспирација доколку денеска итно морате да излезете или пак кога сето ова ќе заврши и конечно ќе уживаме во пролетта.

Стајлингот е составен од фармерки и едноставна маица во комбинација со бохо наметка со реси, која ќе ве направи впечатливи.

Изборот на обувки се сандали, но вие можете да го замените со патики или балетанки, или некои чевли на висока потпетица.

Со чанта и очила за сонце, ќе биде совршен пролетен стајлинг.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
24 април 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
506 пати