Работната недела ја завршуваме со урбана, а сепак лежерна комбинција. Петочки ви предлагаме џинс, кој го е во комбинација со долга кошула.

Со оглед на променливото време, слоевитото облекување е добредојдено, па одозгора можете да додадете и широка блуза.

Беж мантил го закружува тој дел од комбинацијата, а потоа следат модните додатоци. Црвена чанта и обувките во боја и со принт, ќе го освежат стајлингот и ќе го направат впечатлив. Можете да додадете и марама околу вратот и очила за сонце.

На крајот, понесете го со себе и доброто расположение и нека викендот започне!

Имајте убав ден.

Објавено:
15 ноември 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
938 пати