Петок е и има сонце, доволни причини да бидеме одлично расположени денеска. А и убаво дотерани. Со оглед на тоа дека за неколку часа ќе започне викендот, нашиот денешен предлог е комбинација која би била идеален избор за после работното време.

Ако планирате средба со пријателките или сакате да излезете со партнерот, ние модно ќе ве инспирираме.

Денешниот стајлинг е составен од џинс и црна маичка или блузичка, кои се во комбинација со долг кардиган, односно џемпер-мантил во животински принт.

Комбинацијата е заокружена со шешир и чизми до глужд во беж нијанса.

Додајте капут и забавувајте се!

 

Објавено:
10 јануари 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.220 пати