Петок во џинс и капут во боја
•
26 март 2021
Добро утро. Сончев ден е пред нас, уште е и петок, добар повод за добро расположение.
Токму затоа и нашата денешна предлог-комбинација е во ведри бои.
Облечете ги омилените фармерки, искомбинирајте ги со ролка во боја, а на тоа додајте капут во некоја пастелна или интензивна нијанса.
Во случајов во комбинација се сина и портокалова, кои се одличен спој.
Чевли со принт или интересна тока, дополнително ќе го направи изгледот впечатлив.