Добро утро. Викендот е пред нас, па се надеваме дека сте добро расположени и покрај облачното време.

Основата на денешниот предлог-стајлинг се фармерки во сина нијанса. Искомбинирани се со бел горен дел, кој има ролка, но е без ракави.

Нагласените раменици, кои се апсолутен тренд сезонава и фалтите во предниот дел го прават да биде уште повпечатлив.

Комбинацијата совршено оди со патики, но и со еспадрили, мокасини и сандали. Вие направете ја вашата комбинација и уживајте во денот и претстојниот викенд.

 

Објавено:
18 септември 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
562 пати