Добро утро. Петок е и последен ден од работната недела, а ни претстои продолжен викенд, причина повеќе да ни помине побрзо :).

Се надеваме дека сте добро расположени и дека денот го започнувате со нас, а ние го започнуваме со рубриката Стајлинг на денот, со која имаме за цел да ве инспирираме, како можете одредени парчиња што ги имате дома да ги комбинирате.

Нашиот денешен предлог се фармерки, кои се во комбинација со романтична кошула со карнери и широка тексасна јакна со крзенени елементи.

Изборот на обувки на фотографијата се влечки, но вие заменете ги со чизми до глужд или патики. Додадете впечатлива чанта, можеби некој накит и очила за сонце.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
8 октомври 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
883 пати