Добро утро. Петок е, сончево е, ви посакуваме да уживате во денов. А и да изгледате добро.

Наш предлог е една лежерна комбинација, но сепак соодветна доколку сакате да се видите со пријателките на кафе или да прошетате.

Облечете ги вашите омилени фармерки и искомбинирајте ги со бела маица, или пак блузичка. На тоа додадете блејзер во боја, во конкретниов случај е корална нијанса. Изборот на обувки се чизми до глужд, но ако преферирате можете да одберете и патики.

Мала чанта, очила за сонце и дискретен накит и подготвени сте.

Објавено:
5 март 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
702 пати