Петок во џинс + маичка + палто
•
14 август 2020
Добро утро. Се надеваме дека сонцето и тоа што е петок ви влијаат на доброто расположение. Ние за крајот на работната недела ви подготвивме полежерна предлог-комбинација.
Омилените фармерки искомбинирајте ги со маичка со принт или натпис, а на тоа додадете и долго палто со поширок крој.
Во примерот, палтото, чевлите и чантата се во розови нијанси, што го прави стајлингот весел и впечатлив, но вие можете да направите ваша комбинација на бои.
Ставете кармин и насмевка на лицето и уживајте во денот што ви претстои.