Последниот дел од работната недела е прекрасно сончев, па веднаш нè инспирира да одбереме стилска комбинација составена од елегантни парчиња.

Носиме едноставни црни панталони и ги комбинираме со шармантно бело палто кое можеме да го комбинираме со лежерна маичка.

Палтото дополнително го украсуваме со црна панделка врзана во предниот дел која изгледа едноставно, но дава една сосема поинаква шик димензија.

На оваа комбинација додадете и елегантни црни високи потпетици, мала чантичка и накит по ваш избор.

Имајте убав ден! 

Фото: Pinterest

Објавено:
10 мај 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
623 пати