Конечно дојде и последниот ден од работната недела, па сега е вистинско време да прославиме! Блеснете во полн сјај на вашето работно место и на кафето со пријателките во оваа супер елегантна комбинација составена од лежерни панталони во пруги и тесна црна маичка без ракави. Украсете ја комбинацијата со најпопуларното  choker ланче сезонава, а секако и со елегантни чевли на висока потпетица и стилска чанта. Што се однесува до шминката денеска, носиме единствено црвен кармин и секако, задолжителните очила за сонце овој пат во кружна варијанта.

Објавено:
19 август 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
608 пати