Овој петок бираме една безвременска комбинација која лесно може да се примени во сечиј стил.

Елегантно сако со пепито дезен го комбинираме со црна полу-ролка, џинс и чизми до глужд.

Во овој аутфит посебен акцент е ставен на деталите: кружните обетки, очилата за сонце и чантата со кратка рачка, кои му даваат комплетна целина.

Уживајте во денот.

Објавено:
4 ноември 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
521 пати