Добро утро. Петок е, викенд пред нас, а ако ѝ веруваме на прогнозата сите три дена не' очекува сончево и убаво време.

Би било убаво да ги искористиме сончевите зраци и малку да се релаксираме.

Денешната предлог-комбинација е лежерна и како создадена за есенски прошетки. 

Составена е од фармерки и плетена блуза, а највпечатливото парче секако е долгиот топол кардиган во есенски нијанси.

Чизми до глужд, шешир и мала чанта се сосема доволни модни додатоци да се заокружи комбинацијата.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
6 ноември 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
513 пати