Добро утро. Петок е, убаво е времето, се надеваме дека сте одлично расположени. Инспирирани од топлото време, ние подготвивме нов предлог-стајлинг.

Се работи за миди фустан, тесен, а со карнери. Во горниот дел има тенки прерамки, а дезенот со точки го прави уште повпечатлив.

Вие одберете го вашиот омилен фустан со карнери или парче со точки. Искомбинирајте го со сандали и чантичка, додадете шешир и очила за сонце и уживајте го последниот работен ден.

Ви посакуваме убав петок!

Објавено:
9 јули 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
654 пати