Добро утро. Петок е, а со самото тоа, веруваме дека расположението ви е подобро. Нашиот денешен предлог е лелеава комбинација, во склад со топлото време.

Принтот со точки е ултра популарен и оваа пролет, па фустанот со должина до колена е токму во тој контекст.

Годниот дел е на преклоп, додека здолништето е широко. Ракавите се долги, со ластиче на рабовите. Во комбинација со плетена чанта и балетанки кои се украсени со бисери, како и трака за коса, добивате одличен пролетен стајлинг во кој ќе се чувствувате убаво, удобно и женствено.

Ви посакуваме убав ден.

 

фото: Pinterest.com; 

Објавено:
15 мај 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
484 пати