Конечно дојде и последниот ден од работната недела! По тој повод, прославете за крајот на работните обврски со оваа фантастична комбинација во која ќе уживате и на ручекот со пријателките после работа. Денеска носиме плетено фустан – џемперче во кафена нијанса и мини ролка и го комбинираме со неодоливи чизми над колената со мала потпетица која нема да ви предизвика проблеми во текот на денот. Она што денеска е во центарот на вниманието е ова неверојатно стилско палто до под колената кое совршено ќе се вклопи во целата комбинација. Што се однесува до модните додатоци единствено ја носиме оваа кафена чанта со був на средината и секако, неодолив кармин во прекрасна есенска нијанса. 

Објавено:
25 ноември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.585 пати