Добро утро. Петок е, а и нов месец ни почнува, добра причина да го дочекаме во добро расположение.

Ние и овој пат подготвивме комбинција за инспирација.

Црвени карирани панталони се во комбинација со плетен џемпер во бела нијанса и црвен долг мантил. Секако, вие прилагодете ја комбинација на вашиот гардеробер и стил. Ако немате карирани, облечете црвени ако имате, или пак можеби имате карирани, но во некоја друга боја...

На комбинацијата на фотографијата е додадена чанта во цилиндричен облик и металик чевли, но со оглед на времето, чизми до глужд може да се подобра опција.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
1 октомври 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
436 пати