Добро утро! Петок е и веќе сме подготвени за релаксиран викенд!

Нашиот предлог за денес е бел топ чија едноставност можете да ја разбиете со долго црвено карирано здолниште до глуждовите.

Комбинацијата комплетирајте ја со смел избор на црвени чевли и црвена чанта, но доколку ја немате оваа нијанса на црвена боја во вашиот гардеробер, секогаш можете да се одлучите за бели или беж обувки и аксесоари.

Сметате дека на денешниот стајлинг му е потребна екстра елеганција? Ве уверуваме дека сламениот шешир и големите очила за сонце ќе го постигнат тој ефект!

Уживајте во денот!

Објавено:
17 јуни 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
598 пати