Петок во карирано здолниште + ролка + кратко палто
•
16 октомври 2020
Добро утро. Овој петок имаме предлог стајлинг во сиви нијанси кој некако соодветствува и со времето надвор.
Комбинацијата е составена од миди карирано здолниште, кое во горниот дел е тесно и со копчиња, а потоа се шири и е асиметрично и црна ролка.
На тоа е додадена кратко сиво палто. Кога се модните додатоци во прашање, изборот во конкретниов случај се црни чизми на врзување и сива чанта.
Вие можете да направите ваша верзија на стајлингот во некои други нијанси или пак со модни додатоци во боја.
За што и да се одлучите, ви посакуваме убав ден.