Работната недела ја завршуваме  со една весела и колоритна комбинација. Инспирирани од сонцето надвор, се одлучивме за колор-блок јакна, каде доминира жолтата боја.

Ја комбинираме со инскинат џинс и едноставна маица со натпис.

На тоа додаваме чевли на висока потпетица во виолетова нијанса. Комбинацијата ја заокружуваме со жолта чанта.

Имајте опуштен петок и ви посакуваме супер забава денес!

Објавено:
16 февруари 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
378 пати