Конечно дојде и последниот ден од работната недела што сите толку многу го очекуваме. По тој повод, во петок секогаш сакаме да сме ултра дотерани, па денеска одбравме едно колоритно бохо фустанче во неодоливи бои.
Примарната боја на истото е интензивна црвена, а по површината истото е украсено со сини, црни и бели детали.

Бидејќи фустанот сам по себе е доволен, ние единствено го надополнуваме со рамни сандали со црвени украси и некоја чанта по ваш избор.

Како и секој ден, очилата за сонце се задолжителни и ништо повеќе од тоа.

Уживајте во денот!

Објавено:
12 јули 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
624 пати