Уште еден викенд е пред нас, а за денеска ви подготвивме комбинација која ќе биде одлична доколку планирате работната недела да ја заокружите со добра забава.

Нашиот денешен предлог е комбинезон во сини нијанси. Панталоните се тесни и тегет, додека горниот дел е светло син, со отвор во делот на половината и интересно асиметрично врзување.

Го комбинираме со чевли на потпетица и кратка тексасна јакна. Чантата е во слични сини нијанси, а вие додадете го вашиот омилен кармин и доброто расположение.

Имајте незаборавен петок!

Објавено:
20 јули 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
337 пати