Дојде и последниот ден од работната недела кој секогаш го чекаме со нетрпение. Денеска облечете го најубавото фустанче од плакарот и уживајте во текот на целиот ден.

Носиме лежерно широко фустанче во крем нијанса со црни точки и го комбинираме со супер удобни папучи во темно кафена боја.

Сламените чанти се едни од омилените на девојките оваа сезона, па токму таквата совршено одговара на оваа комбинација. Украсете го деколтето со ова шармантно ланче во златна нијанса и со себе понесете си очила за сонце.

Уживајте во прекрасниот петок!

Објавено:
17 август 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
531 пати