Сигурни сме дека повеќето од вас се радуваат на претстојниот викенд. Нашиот денешен предлог е една деловна но полежерна комбинација.

Како што се гледа и од фотографијата, панталоните се од кадифе во темнокафена, чоколадна нијанса, си висок струк, ремен и подвиткани ногавици.

Искомбинирани се со бела женствена кошула со V-израз и карирано лежерно палто.

Стајлингот е надополнет со чизми до глужд на врзување со принт. Марамата во коса и очилата се модните додатоци со кои е заокружен изгледот.

Ви посакуваме забавен и релаксиран петок!

Објавено:
8 ноември 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.435 пати