Добро утро! Петок е, да го започнеме со добро расположение, но и со добар стил.

Нашиот денешен предлог за инспирација е комбинација составена од маичка сос кратки ракави во пастелно портокалова боја и волуменозно макси здолниште.

Во долниот дел завршува со карнер, додека пак, струкот е истакнат со ремен.

Сандали, патики, влечки, еспадрили - одберете ги обувките кои ви се најудобни, додајте чанта - сламените одлично би се вклопиле и додајте очила за сонце, шешир или дискретен накит.

Времето не потсетува многу на лето, но ние со стајлингот можеме да го повикаме, нели?

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
11 јуни 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
686 пати