СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ
Петок во маичка со принт и класична панталона
•
8 јули 2022
Добро утро!
Повеќете од нас ментално се веќе подготвени за викенд, па тоа се отсликува и по изборот на петочката гардероба. Дозволете си релаксираност и на овој работен ден со тоа што ќе ја искомбинирате вашата омилена комотна маичка со принт со пантолони со класичен крој.
На овој начин ќе постигнете совршен баланс помеѓу лежерност и формалност, а со модните додатоци како очила за сонце, накит и соодветни чанта и чевли, на овој изглед ќе му додадете нишка елеганција.
Уживајте во денот!